Почетна » Новости » Занимливости » Грижлив маж секоја недела се среќава со неписмена бездомничка за да ја научи да чита

Грижлив маж секоја недела се среќава со неписмена бездомничка за да ја научи да чита

Несебичен маж секоја недела оди на ручек со неписмена бездомничка и ја учи да чита. Неговата љубезност ѝ го менува животот.

Грег Смит од Флорида ја забележал Ејми Џо на улица затоа што се издвојувала од другите бездомници. Додека сите му барале пари, таа секој ден учтиво го поздравувала. Грег започнал да се среќава со неа на ручек секој вторник, а на средбите таа му раскажувала за својот живот.

25-годишниот Американец бил шокиран кога дознал дека Ејми Џо е неписмена и одлучил да ја научи да чита. Смит го сподели своето искуство во објава на Facebook за да поттикне и други лица да ги следат неговите стапки. „Не знаете колку многу можете да помогнете на некому додека не се обидете“ – тврди тој.

Ејми Џо и Грег Смит

Еве го неговиот текст:

Секој ден околу една недела ја гледав Ејми Џо на улица и таа никогаш не ми побара пари... само ќе речеше „Добро утро господине, имајте убав ден. Бог да ве благослови!“ и ќе се насмевнеше. Секој ден носам костум на работа и често ми бараат пари... но, не и Ејми Џо.

Секој вторник јас и Ејми Џо ручаме заедно. Околу 30 минути до еден час имам можност да ја слушам колку е позитивна иако нема буквално ништо. Минатата недела Ејми Џо на некој начин фрли бомба врз мене... таа не знае да чита. Ејми Џо не пуши, не пие, не е зависник од дрога или нешто од тој тип. Таа едноставно немала некој кој ќе ја научи како се чита. Ми кажа колку многу ѝ е тешко да најде работа зашто не знае да чита. Ми кажа дека сите пари кои ги собира ги користи за да изнајми книги од библиотека кои би ја научиле да чита наместо да си купи ХРАНА. Тоа многу ме погоди!!!

Таа попрво би научила да чита за најде работа одошто да јаде!!! Јас сум благословен што имам два неверојатни родители и семејство кое секогаш ми овозможувало сè што ќе сум посакал. Ејми Џо не е.

Сега не само што седам со Ејми Џо на ручек, туку ја учам и да чита. Земам по една книга неделно од библиотека и ја читаме заедно во вторник, а таа вежба самата во останатите денови од неделата. Оваа објава не е за да ја сожалувате Ејми Џо или за да се пофалам дека правам нешто за некој понесреќен од мене. Сакав да го споделам ова за можеби да поттикнам некој да ѝ помогне на друга личност. Има многу лица како Ејми Џо. Не се сите гладни, бездомни или повредени. Некои може да се дел од вашето семејство или ваши пријатели.

Помагањето на друга личност може да биде исто толку лесно како да кажете „здраво“ или да се насмевнете... Никогаш нема да знаете што можете да направите за некого додека не се обидете. Па, која е вашата Ејми Џо?

Откако објавата се распространи на социјалните мрежи, Грег создаде страница за донации за Ејми Џо, а собраните пари одат за сместување, храна, облека и членарина во библиотека за Ејми Џо.

Ејми Џо и Грег Смит Ејми Џо и Грег Смит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.