Почетна » Новости » Занимливости » Горазд Цветковски ја поддржа кампањата за безбедност во сообраќајот

Горазд Цветковски ја поддржа кампањата за безбедност во сообраќајот

Еден од најдобрите македонски актери Горазд Цветковски ја поддржа кампањата за безбедност во сообраќајот и апелираше до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила.

Горазд Цветковски Горазд Цветковски

Причината за отпочнување на кампањата е потребата за подигнување на јавната свест, укажување на значителната бројка на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, како и потребата од превенирање и укажување на последиците од сообраќајните незгоди.

Податоците покажуваат дека на патиштата низ нашата држава секој втор ден згаснува по еден живот. Бројот на загинати во сообраќајни незгоди минатата година достигна 198 лица. Неврзувањето на појас е една од главните причини за тешки телесни повреди на возачите или повреди кои резултираат со смрт. Често врзувањето на појасот спасува животи.

Слоганот на кампањата е „Почитувај ги правилата, почитувај го животот!“, додека централната порака е „Вози безбедно со врзан појас!“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.