Почетна » Новости » Занимливости » Голема донација на Млекара АД Битола за помош на погодените од катастрофалното невреме во Скопје

Голема донација на Млекара АД Битола за помош на погодените од катастрофалното невреме во Скопје

Млекара АД Битола донира еден шлепер со Битолско трајно млеко и 4.000 кг Битолско овчо сирење за поддршка на населението погодено од поплавите кои го зафатија Скопје.

Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, преку заедничко планирање и дефинирање на потребите на населението во најпогодените населби, донацијата од Бимилк ќе се дистрибуира до оние на кои им е најпотребна.

Донација Млекара АД Битола Донација Млекара АД Битола

„Ова се навистина тешки моменти, особено за оние граѓани кои директно беа погодени од поплавите во Скопје. Сочувствуваме со сите оние кои загубија свои блиски. Мора сите да се мобилизираме и активираме за да помогнеме на луѓето чии домови се уништени и им се одземени основните услови за живот. Само со заеднички напори можеме да ги пребродиме овие исклучително тешки времиња, кои искрено се надеваме нема да се повторат“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Донација Млекара АД Битола Донација Млекара АД Битола Донација Млекара АД Битола

За повеќе информации за Бимилк посетете ја веб страната: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11579 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.