Почетна » Новости » Занимливости » Војвотката Меган откри детаљ на нејзината венчаница кој е посветен на првиот состанок со принцот Хари

Војвотката Меган откри детаљ на нејзината венчаница кој е посветен на првиот состанок со принцот Хари

„Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино“ – според старо верување тоа се четирите детали кои секоја невеста треба да ги носи на себе на свадбата за да има среќен брак. Ова е традиција која се применува во многу земји ширум светот.

Исто како и војвотката Кетрин, и Меган Маркл ја почитуваше традицијата. Во видео од документартниот филм за кралицата Елизабета II, војвотката Меган открива што беше нејзиното „нешто сино“ на свадбата со принцот Хари.

„Некаде таму внатре е зашиено парче син материјал – тоа беше моето нешто сино. Тоа е материјал од фустанот кој го носев на нашиот прв состанок“ – вели шармантната војвотка од Сасекс во видеозаписот во кој ја гледа својата венчаница за првпат по свадбата.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл

Сината боја во овој случај симболизира љубов, чистота и верност – трите клучни квалитети за успешен брак.

Невестинскиот фустан на Меган е дизајниран од Клер Вејт Келер, која стои на чело на модната куќа Живанши.

Меган и принцот Хари стапија во брак во мај оваа година.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл

Војвотката Кетрин имала сошиена сина панделка на внатрешноста од фустанот за свадбата со принцот Вилијам.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.