Војвотката Кетрин се очекува следниот месец да го роди своето трето дете. Но, напредната бременост не ја спречува да ги испочитува кралските обврски.
36-годишната сопруга на принцот Вилијам денес присуствуваше на отворањето на новите простории на Place2Be, хуманитарна организација посветена на менталното здравје на децата.

За таа прилика, Кетрин носеше син фустан од брендот за трудничка облека Seraphine.








Според информациите до кои дојдоа британските медиуми, Кетрин и Вилијам наводно не го знаат полот на бебето и сакаат да биде изненадување. Се претпоставува дека Кетрин ќе се породи околу 23 април.