Војвотката Кетрин и официјално стана покровителка на детската болница Evelina London. 36-годишната припадничка на британското кралско семејство ја посети клиниката заедно со принцот Вилијам.
Кралскиот пар се сретна со вработени медицински лица и со мали пациенти.



„Војвотката ја споделува нашата страст за да им го даваме на децата и младите луѓе најдобриот почеток во животот и поддршката од Нејзиното Височество ќе помогне во подобрување на животоспасувачката нега која нашиот персонал им да обезбедува на нашите пациенти“ – изјави претставник на болницата.
Кетрин беше облечена во зелен фустан со точкест принт од брендот LK Bennett.

















