Почетна » Новости » Занимливости » Волонтери празнично му ја украсија куќата на маж кој поради КОВИД-19 доживеа 2 мозочни удари и инфаркт

Волонтери празнично му ја украсија куќата на маж кој поради КОВИД-19 доживеа 2 мозочни удари и инфаркт

Дејл Марк традиционално секоја година за празниците ја украсувал целата куќа со сијалички и организирал хуманитарна акција, но оваа година бил спречен од здравствени причини.

Поради компликации од КОВИД-19, Ајова преживеал 2 мозочни удари и инфаркт и поминал 28 дена во болница.

Откако се врати дома, тој доби прекрасно изненадување од волонтери. Локалниот градежник Боб Кофи и четворица негови вработени се пријавиле да му помогнат на Дејл и бесплатно да му ги декорираат куќата и дворот.

Куќа

Боб уште како дете доаѓал во ова соседство и уживал во прекрасната глетка. Па штом дознал за здравствената состојба на Дејл, веднаш знаел што треба да направи.

„Тој ми се заблагодари и плачеше. Се гледаше колку многу е благодарен“ - рекол Боб.

Дејл и неговата сопруга Џули ги користат декорациите за да соберат храна за да им помагаат на сиромашни лица. Тие им овозможуваат на минувачите да се восхитуваат на прекрасно украсениот двор, а притоа ги мотивираат да донираат храна, оставајќи им празни кутии за донации.

Минатата година, семејството Марк собрало доволно храна за да обезбеди 28.000 оброци.

„Лежев во болница 28 дена не знаејќи дали ќе преживеам, а знаев дека треба да ја продолжам традицијата, ако воопшто можам. Ако имам последен здив, има нешто што Бог го чува за мене – да им помагам на другите“ – рекол Дејл.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.