Почетна » Новости » Занимливости » Во сончогледовото масло Брилијант има помало количество заситени масни киселини

Во сончогледовото масло Брилијант има помало количество заситени масни киселини

Покрај јаглехидрати и протеини, човечкото тело има потреба и од масти. Мастите пак може да бидат заситени, оние што може да се синтетизираат во организмот и незаситени масни киселини – што не се синтетизираат.

За заситените масни киселини се знае дека може да влијаат врз покачување на нивото на холестерол во крвта, но сепак во извесна доза се потребни. Сончогледовото масло Брилијант содржи помало количество заситени масни киселини во однос на другите, најчесто користени масла за јадење.

„Рафинираното сончогледово масло Брилијант е со најголема биолошка вредност од сите масла за јадење наменети за широка потрошувачка. Неговата голема застапеност се должи на неутралниот мирис и вкус, стабилноста и големиот процент (50-74%) линолна масна киселина која е есенцијална. Есенцијалните масни киселини организмот не може да ги синтетизира, туку мора да се внесат само преку исхраната, а Брилијант маслото во својот состав ја има рамнотежата на сите овие масти“, вели Натали Петреска, Директор на контрола во Витаминка.

Брилијант

Инаку, сончогледот (Helianthus Annuus) како украсно растение, е пренесен од Америка во Европа (Шпанија) во 1659 година. Во 1841 година се појавува во Русија како земјоделска култура. Дури во првата половина од 20-от век за прв пат сончогледот започнува да се одгледува на големи површини и да се користи за добивање масло за јадење. Содржината на маслото во сончогледот се движела од 30-32%. Најголем придонес за ширењето на сончогледот во светот има рускиот академик Пуставојт кој што е творец на сегашниов сончоглед со содржина на масло од 40-50%.

Извор на информација: Витаминка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.