Почетна » Новости » Занимливости » Во Веро центар ќе се направи најголемата чоколадна торта во Македонија долга 4 метри

Во Веро центар ќе се направи најголемата чоколадна торта во Македонија долга 4 метри

Врвни шефови за слатки од земјава во сабота (15 декември) во Веро центар во Скопје ќе ја направат најголемата чоколадна торта во Македонија која потоа ќе им ја поделат на присутните посетители. Приготвувањето на најголемата празнична торта долга четири метри ќе се одвива во рамките на Првиот чоколаден фестивал што го организира „Веро“ во соработка со „Гастромак“ во сабота во Веро центар со почеток од 11 часот.

Покрај тортата, посетителите ќе уживаат и во рачно изработено чоколадно село во кое секој елемент може да се јаде, голем Дедо Мраз направен од чоколадо, чоколадно семејство во зимски услови, пралини, чоколадни тартуфи и многу други слатки производи со новогодишни и божиќни мотиви, креации кои ќе бидат само мал дел од изложбената понуда на фестивалот.

Веро центар

Врвни шефови од „Гастромак“ предводени од мастер шефот за слатки Снежана Ангеловска ќе се обидат да го соборат рекордот за изработка на големата чоколадна торта, во чиј вкус ќе уживаат сите посетители на чоколадниот фестивал точно напладне. Посетителите ќе ги видат и бројните креативни изработки од чоколадо и различни чоколадни фигури кои ќе бидат изложени во холот на Веро центар додека трае фестивалот, што всушност ќе претставува прва самостојна изложба на уникатни чоколадни изработки во земјава.

Дополнително, шефовите за слатки за најмладите посетители ќе организираат чоколадна работилница во која тие ќе изработуваат цртежи сликајќи со чоколада, што ќе биде уникатно и возбудливо искуство за нив. Празничната атмосфера ќе ја збогати Дедо Мраз кој ќе се фотографира со дечињата и на кого тие ќе му ги откријат своите најскриени новогодишни желби.

- Чоколадото нѐ потсетува на најволшебниот празничен период во годината кога уживаме во различни слатки вкусови. Годинава решивме уште повеќе да им ја доближиме таа магија на посетителите на Веро центар и заеднички да уживаме во врвните чоколадни вкусови и креации на уникатен начин.Тоа е основниот концепт во работењето на Веро – на нашите потрошувачи секогаш да им нудиме уникатни и возбудливи искуства кои долго ќе ги паметат - вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.

Веро центар

Првиот чоколаден фестивал се организира во рамките манифестацијата „Чоколенд“, која „Веро“ традиционално ја организира во декември за да им овозможи на потрошувачите да уживаат во чоколадото и во другите слатки вкусови во претпразничниот период.

Веро центар

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.