Почетна » Новости » Занимливости » Влезете во светот на лесното пеглање и веќе никогаш нема да ги изгорите вашите алишта при пеглање

Влезете во светот на лесното пеглање и веќе никогаш нема да ги изгорите вашите алишта при пеглање

Philips

Познато ли ви е чуството и погледот кога ќе го здогледате купот алишта за пеглање, неколку насобрани машини кои стојат во аголот на собата и чекаат да бидат испеглани? Го знаете ли чувството кога треба да ја испеглате омилената свилена кошула или омиленото одело на вашиот сопруг без да ги оштетите? Познато ли ви е чувството кога од плакарот ќе го извадите фустанот кој сте планирале да го облечете за вечерашното излегување и кој е неверојатно изгужван, а вие имате само 10 минути време за подготвување?

Сигурни сме дека барем еднаш неделно секоја од нас, одвојува неколку часа или можеби половина ден за пеглање на алиштата, сортирање на материјалите и боите, кое парче облека најпрво да го испеглате, дали да ја зголемите пареата на пеглата, да ја подесите температурата и програмот за пеглање, дали ќе биде свила, тексас, волна, памук. Можеби за некои тоа преставува време за себе и релаксација, но сигурно за некои тоа преставува обврска која мора да ја завршиме.

Многу светски истражувања покажуваат дека овие мали стресови и нервози го прават пеглањето едно од најомразените домашни обврски. Но сепак, без добро испеглана облека не може да имаме совршен изглед кој сите го посакуваме.

Со цел пеглањето да стане лесна и забавна домашна обврска, Philips создаде револуционерна технологија и линија на парни генератори кои ве воведуваат во светот на лесното пеглање.Најголемиот атрибут лежи всушност во самата пареа и во технологијата „Optimal Temp”, благодарение на која, пареата лесно навлегува длабоко во облеката, па со оптималната температура која самиот генератор ја нуди, можеме во само неколку потези да ги испегламе големиот број на алишта.

Затоа, сега веќе може да заборавите на постојаното менување на температурата при пеглањето на вашите алишта. Револуционерната технологија „Optimal Temp” ви овозможува да пеглате различни видови ткаенини и текстури без менување на температурата, но и ве ослободува од стресот бидејќи не постои ризик од горење!

Сега конечно можете да пеглате свила и памук, без притоа да чекате пеглата да се излади или да се загрее. Благодарение на иновативната комора со циклонска пареа, секогаш имате на располагање моќен млаз пареа кој ги отстранува наборите со едно движење. Исто така, со функцијата „Optimal Temp” вашата облека е секогаш заштитена.

Philips

Кај обичните пегли, пеглањето се одвива главно заради врелата плоча на пеглата. Доколку плочата е презагреана за материјалот кој сакате да го испеглате... е тогаш доаѓа оној познат „Аууууу“ момент. Но, со Philips генераторите на пареа кои имаат „Optimal Temp“ технологијата овој момент оди во заборав.

Напредниот интелигентен процесор постојано ја одржува температурата на соодветно ниво, така што не може да дојде до горење на облеката, дури и кога пеглате чувствителна ткаенина.

Оваа пегла е идеална и за вертикално пеглање, бидејќи е најлесната пегла на пазарот. Оваа опција е особено применлива за поделикатните парчиња облека, и брзо решение секогаш кога сте во брзање пред важен состанок или пред вечерното излегување.

Philips

Дополнително, но не помалку важно – Водата неопходна за продуцирање на пареата не се наоѓа во самата пегла, туку во делив воден резервоар, кој е доволно голем за повеќечасовно пеглање.

Со Philips парните генератори лесно ќе можете да испеглате секаков вид деликатна облека, фустани, сакоа, парчиња облека кои тешко се пеглаат, облека со декоративни елементи, копчиња и метални детали.

И за крај, кога ќе размислите дали вреди, одговорот е многу едноставен: Philips генераторите на пареа ни овозможуваат нова ера на пеглање, свет на лесно пеглање без подесување на температурата, без сортирање на материјалите, без горење на омилените парчиња облека, со едноставно отстранување на наборите и пеглање на деликатните парчиња облека, брзо, лесно и едноставно.

Отсега пеглањето ќе Ви биде вистинско уживање, време за себе, релаксација и забава.

Дознајте повеќе овде>>>

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.