Почетна » Новости » Занимливости » Вклучи се во големата хуманитарна акција „ПОДАРИ НАСМЕВКАˮ!

Вклучи се во големата хуманитарна акција „ПОДАРИ НАСМЕВКАˮ!

Заедно да соберeме еден милион насмевки!

Неодамна, Стопанска банка ја започна хуманитарната акција „Подари насмевкаˮ во мисија да се соберат еден милион насмевки, и да се реализира донација во детските здравствени центри низ Македонија. Како што кажува името на акцијата „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ во неа може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне, и тоа со едноставно подарување на својата насмевка. Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира.

Подари насмевка

Учеството во хуманитарната акција е многу едноставно и достапно на повеќе начини. Можете да ја посетите Facebook фан страницата на Стопанска банка, да ги следите упатствата, и да креирате или да прикачите своја постојна фотографија како се насмевнувате.

Насмевка можете да дарувате и на веб банерите поставени на најпосетуваните интернет страници, следејќи ги упатствата на екранот, или пак на фото-тотемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да ги следите упатствата испишани на екранот и едноставно насмевнете се со вашата најубава насмевка.

Насмевнете се и на концертите, забавите и театарските претстави низ градовите во Македонија, организирани по повод јубилејот 70 години Стопанска банка, каде ги поставуваме фото-тотемите и каде што се присутни нашите мобилни фото патроли.

Крајната цел на хуманитарната акција „Еден милион насмевкиˮ која очекуваме да биде масовно поддржана, е да се соберат 1.000.000 насмевки со што ќе се обезбеди значајна донација на медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава.

„Насмевката е универзален јазик на добрината, подари ја!“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.