Почетна » Новости » Занимливости » Вирално видео од доилка и нејзиното бебе покажува зошто мајките се истоштени

Вирално видео од доилка и нејзиното бебе покажува зошто мајките се истоштени

Вирално „time-lapse“ видео ја покажува напорната работа на мајките која другите не ја гледаат и е потсетник зошто тие се преморени.

Во него е снимена една вечер на мајка-доилка и нејзиното 17-месечно дете кое спие немирно и постојано се буди за да цица. На крајот од видеото, во креветот доаѓа и другото дете.

„Воопшто не е чудно што 93% од мајките изјавуваат дека се преморени, а 89% изјавуваат дека спијат помалку од 8 часа секоја вечер“ – пишуваат од Motherly.

Кога првпат го видела видеото, мајката Черел се запрашала „Дали воопшто спиев?“.

„Во мојот мозок не изгледаше вака. Се шокирав кога видов колку всушност се кратки овие интервали“ – додала таа.

Черел одлучила да спие со малата ќерка откако таа се соочила со респираторна инфекција на возраст од само 2 недели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.