Необично породување го обиколува светот. Фотографиите на туристка ги прикажуваат моментите по раѓањето на бебе во Црвено Море.
Според информации до кои дојдоа египетските медиуми, Русинката се породила со помош на доктор кој специјализирал за раѓање во вода.
На фотографиите се гледа жена во бикини која излегува од морето, како и повозрасен маж кој го носи бебето со папочна врвца и сад во кој е плацентата.






Наводно, сè повеќе Русинки се одлучувале за породување во вода во Дахаб, град во близина на Шарм ел Шеик.