Почетна » Новости » Занимливости » Вирална порака дефинира што значи да си „добра мајка“

Вирална порака дефинира што значи да си „добра мајка“

Во денешно време, мајките се под огромен притисок и неретко се осудувани и критикувани за нивните избори, иако се стремат да ги донесуваат најдобрите одлуки за растењето и воспитувањето на нивните малечки. Вирален текст потсетува дека секоја мајка е добра мајка, независно дали дои или користи млечна формула, дали родила со царски рез или природно, дали работи или не...

Позитивната порака со години кружи на интернет, но деновиве беше популаризирана од Ешли Потер.

Ешли Потер

До мајката која дои: Браво! Тоа е навистина прекрасен дар за твоето бебе, без оглед колку време ќе го правиш тоа! Ти си добра мајка.

До мајката која користи млечна формула: Науката е неверојатна, зарем не? Имаше времиња кога бебето страдаше ако неговата мајка не можеше да произведува доволно млеко, но сега? Подобар живот преку хемија! Ти си добра мајка.

До мајката која користи платнени пелени: Надуените повиени газиња се најслатки и пријателски настроени кон сметката на банка. Ти си добра мајка.

До мајката која користи пелени за една употреба: Wow, тие навистина впиваат многу и се одлични за да не се грижиш за протекување и перење! Ти си добра мајка.

До мајката која не е вработена: Можам да си замислам дека воопшто не е е лесно тоа што го правиш, но да можеш да ги поминеш тие скапоцени години со твоите бебиња мора да е прекрасно. Ти си добра мајка.

До мајката која работи: Прекрасно е што не ја оставаш твојата кариера, ти си позитивен пример за твоите деца, фантастично. Ти си добра мајка.

До мајката која ги храни децата со брза готова храна цела седмица, бидејќи е истоштена за да готви или да пазарува. Ти не ги оставаш децата гладни и се обложувам дека не се жалат! Ти си добра мајка.

До мајката која цела седмица им дава на децата домашно приготвен појадок, ручек и вечера: Фантастично! Добрата исхрана е важна, а тие учат да уживаат во здравата храна на рана возраст. Ти си добра мајка.

До мајката со деца кои седат тивко и ги покажуваат своите манири во фенси ресторан: Честитки, потребно е да вложиш многу за да одржуваш ред со деца на место каде не можат да трчаат наоколу. Ти си добра мајка.

До мајката со мало дете кое вреска пред полиците со житарки: Тие секогаш избезумуваат на место на кое максимално ќе те засрамат, нели? Сите имаме поминато низ истото. Ти си добра мајка.

А до мaјките кои ги осудуваат другите мајки за што било од горенаведеното...

Не фрлајте камења оти никој не е безгрешен.

Објавата има илјадници лајкови и коментари. Многу мајки, кои ја споделуваат пораката во знак на поддршка, ја надополнија листата.

До мајката која го роди своето бебе вагинално: Ти си храбра. Ти си добра мајка.

До мајкатa која се породи со царски рез: Ти си олицетворение на силата. Ти си добра мајка.

До жената која имаше спонтан абортус, или неколку, ти си сè уште мајка. Твоето бебе го имаше најдобриот живот додека беше во тебе. Цела љубов и топлина кои тоа ги почувствува доаѓаа од тебе. Те гледам и стојам во твоите чевли. Ти си добра мајка.

До мајките кои не родиле, не менувале пелени и го запознале своето дете подоцна во животот, а сепак го сакаат како свое: Вие сте добри мајки.

До мајката која се мачи со сета сила да остане прибрана додека го гледа своето малечко како минува низ медицински тестови и процедури: Ти нè одушевуваш со твојата сила! Ти си добра мајка.

До мајката која има Ангел Бебе: Еве една прегратка за тебе. Ти си добра мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.