Почетна » Новости » Занимливости » Викенд активности на „Чоколадната земја“ во Веро-центарот

Викенд активности на „Чоколадната земја“ во Веро-центарот

Викендот што следува (8 и 9 март) во детскиот корнер во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот од 11 часот одново ќе се организираат игри и активности за деца што ќе им ги разубават деновите.

Играта „Слатка меморија“ ќе им донесе бројни слатки награди, а во детската работилница ќе изработуваат слатки креации од колаж и декоративна хартија, глитери, лепак, украсни стапчиња, светки и бои... сѐ под будното око на артистите што ќе работат со нив и ќе ги водат низ вештините на рачната изработка на украси, честитки, кутии и други декорации.

Чоколадната земја Чоколадната земја Чоколадната земја

„Презадоволни сме од посетеноста на „Чоколадната земја“, а особено задоволни со детските активности кои ги организираме за викендите. Има ли поголемо задоволство од тоа да се видат толку многу деца кои уживаат декорирајќи мафини, изработувајќи чоколадни лижавчиња, правејќи слатки украси и згора на сѐ нивното нескриено задоволство консумирајќи ги своите слатки дела... Тоа беше вистински деликатес за нас. Затоа и овој викенд ги каниме на дружење сите дечиња во сабота и недела во детскиот корнер во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот од 11 часот на заемно задоволство и уживање“, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите.

Чоколадната земја

Во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот секојдневно имате можност да уживате во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови што се вистинско задоволство за сите сетила.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25558 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.