Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Љубовна приказна прераскажана со помош на Лего коцки

ВИДЕО: Љубовна приказна прераскажана со помош на Лего коцки

Заљубен маж на сладок начин во 73 секунди ја раскажа својата љубовна приказна. Креативниот аниматор Кевин Улрик со помош на Лего коцки сними видео во кое ги долови најважните моменти од врската со својата свршеница.

Видеото започнува кога Кевин зборува дека воопшто не е добра идеја да се состануваш со колега од работа, а само краток момент подоцна ја запознава Селина, нова колешка во која се заљубува.

И покрај неговиот став да не влегува во врска си личност со којашто работи, заедничките интереси и љубовта кон научната фантастика ги зближуваат. Нивната пријателска и професионална врска за кратко време прераснува во љубовна. Погледнете го интересното видео:

На Кевин му биле потребни 70 часа за да го направи видеото. Нивната свадба е закажана за 17 април.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11439 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.