Непосредно пред да ѝ бидат отстранети двете гради, Деб Кохан го победи стравот со позитивен танц и го освои светот.
Во виралното видео, веселата мајка на две деца танцува на „Get Me Bodied“ од Бијонсе заедно со медицинските лица во болница во Сан Франциско, само минути пред да ѝ биде направена двојна мастектомија.
Храброста и позитивниот став на Деб се за аплауз. Нејзиното видео за само два дена доби над 1 милион прегледувања на YouTube.
Според нејзиниот блог, операцијата поминала успешно. Деб ги замолила и своите пријатели да направат видеа на кои танцуваат за да ги гледа додека закрепнува од тешката операција.