Даниел Кајмакоски синоќа настапи последен на сцената на „X Factor Adria“ и уште еднаш покажа зошто илјадници луѓе веќе го сметаат за светска ѕвезда.
За првиот настап на Даниел во живо, неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ го избра хитот „One“ на U2. „Ти си ѕвезда од глава до пети“ – коментираше Кристина Ковач по настапот.
Пофалбите од жирито сигурно му годеа на 29-годишниот Македонец, но веројатно многу поголема радост му донесе моментот кога прв слушна дека публиката му дала доволно гласови за да продолжи во шоуто.