Малата Клер знаела дека нејзините родители нема да слушнат ништо од празничната приредба во нејзината градинка. Па, вложила многу повеќе во својот настап.
Во виралното видео Клер пее заедно со останатите дечиња, но во меѓувреме со знаковен јазик им ја пренесува песната на своите глуви родители.
Родителите на Клер биле родени глуви. Иако 5-годишното девојче нема проблеми со слухот, таа добро го владее американскиот знаковен јазик.
„Клер користеше знаковен јазик во приредбата затоа што беше внимателна кон нас и сакаше да го разбереме текстот на песната“ – изјавила Лори Коч, мајката на Клер.
Ентузијазмот со кој настапува малото девојче ќе ви разбуди силни позитивни емоции.