Видеото од спасувањето на кротко куче кое било оставено да умре во куп ѓубре нема да ве остави рамнодушни.
На 15 ноември Елдад Хагар од организацијата „Hope For Paws“ добил повик за напуштено куче во предградие на Лос Анџелес. „Кога пристигнав таму, не можев да поверувам што гледам... Таа имаше силни болки“ – изјавил тој за Huffington Post.

Кучето било однесено на ветеринар, каде вработените се погрижиле да го излечат од кожните болести и да го нахранат. Подоцна го добило името Мајли.

Две недели биле потребни за Мајли да успее да си ја врати енергијата. Тогаш Мајли го запознала малиот Френки, кој бил спасен пред да се удави во канализација. Двете кучиња станале неразделни, а сега мисија на организацијата е да им најде топол дом.

Видеото од спасувањето на Мајли стана вирален хит.