Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Романтична свадбена приказна во македонска продукција

ВИДЕО: Романтична свадбена приказна во македонска продукција

Свадбеното видео на Наташа и Милан од Швајцарија ја открива љубовта која парот ја негува седум години и ги овековечува незаборавните моменти од крунисувањето на нивната љубов со брак.

Младиот пар си го кажа судбоносното „Да“ во шармантниот Цирих пред разнежените погледи на нивните пријатели и роднини.

Она што започна како детска љубов, премина во брачна заедница која младенците се убедени дека ќе трае со години. Уште од мали нозе Наташа го нарекувала Милан свој симпатија. „Еден ден ми поклони мал камен на кој го пишуваше моето име, Наташа. Тој камен го чувам до ден денес“ – се присетува среќната невеста.

Кон крајот на минатата година Милан ја изненадил својата сакана со романтичен предлог за брак во Цермат, каде ја побарал за жена додека се возеле на кочија низ снежна шума.

Видеото од нивниот свадбен ден е проект на македонските професионалци од Зага Продукција.

Зага Продукција е креативна компанија која цели да го збогати најубавиот ден од животот на своите клиенти со прекрасни визуелни спомени. Во десетгодишното постоење, Зага Продукција ги овековечила драгоцените свадбени моменти на многу младенци од Македонија и пошироко. Пред две години во рацете на тимот е врачена наградата Најдобра љубовна приказна во Европа за 2011 година и тоа за видео снимено во близина на Скопје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11171 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.