Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Романтичар ја изненадил девојката со свршувачка и свадба во ист ден

ВИДЕО: Романтичар ја изненадил девојката со свршувачка и свадба во ист ден

Рајан Лик ѝ приреди огромно изненадување на својата девојка – предлог за брак и свадба во ист ден.

27-годишниот романтичар ја слушнал својата сакана Аманда Роман како ѝ кажува на своја пријателка дека би сакала да се сврши и омажи во еден ден. Сакајќи да ѝ ја исполни желбата, тој една година тајно ја планирал совршената свадба. Досетливиот Рајан ги искористил фотографиите кои Аманда ги собирала на Pinterest во папка „Мојата свадба од соништата“ за да ги избере сите детали.

„Отсекогаш знаев дека сакам екстравагантна свадба, но никогаш не очекував дека ќе правам нешто толку драстично како ова. Цела година морав телефонските повици да ги правам тајно и да го заклучувам телефонот за таа да не открие ништо. Имавме 100 гости, а околу 1.000 луѓе знаеја што планирам, па прилично неверојатно е што таа не дозна“ – изјавил Рајан.

Свадбата на Рајан и Аманда

Рајан ја испланирал свадбата со блиски пријатели и роднини, а потоа ја поканил Аманда на одмор во Мајами каде ја изненадил со свршенички прстен и големото прашање „Дали ќе се омажиш за мене?“.

Свадбата на Рајан и Аманда

Веднаш по предлогот за брак, тој ја повикал да влезат во хотелот, каде биле собрани околу 100 гости кои држеле плакати на кои било испишано „Денес?“.

Свадбата на Рајан и Аманда Свадбата на Рајан и Аманда

„Кога ја отворив вратата и ги видов сите што ги сакам како стојат таму, бев пресреќна, се почувствував облеана со љубов“ – изјавила среќната девојка.

Откако Аманда го прифатила и вториот предлог, започнале подготовките. Омилената фризерка и шминкерка на Аманда се погрижиле за нејзиниот изглед. Прекрасниот невестински фустан Рајан го немал видено во живо, бидејќи сакал да ја зачува традицијата.

Свадбата на Рајан и Аманда

Свршувачката и свадбата се случиле точно 5 години откако младенците за запознале. Рајан ја изненадил Аманда и со романтично свадбено патување. Среќниот пар побарал од гостите да не им даваат свадбени подароци, туку да донираат во невладина организација која се бори против трговијата со луѓе.

Свадбата на Рајан и Аманда Свадбата на Рајан и Аманда

Целата приказна на Рајан и Аманда:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25451 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.