Кога Кристина Скуча за првпат настапи во италијанското шоу „The Voice“, го одушеви жирито со „No One“ од Алиша Кис и стана интернет сензација.
25-годишната калуѓерка повторно ја крена публиката на нозе кога заедно со својата конкурентка Луна Палумбо ја изведе „Girls Just Wanna Have Fun“ од Синди Лопер.
За време на забавниот настап, Кристина доби силна поддршка и од две калуѓерки кои танцуваа заедно со неа. Нејзината енергија и ентузијазмот мамат илјадници насмевки.