Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Позитивната 13-годишна Рајaн Пејџ одушеви на „The X Factor“

ВИДЕО: Позитивната 13-годишна Рајaн Пејџ одушеви на „The X Factor“

Девојче од Флорида ги одушеви жирито и публиката на шоуто „The X Factor“ со својот моќен глас, но и со позитивниот став кон животот.

13-годишната Рајан Пејџ настапи со баладата „Blown Away“ на Кери Андервуд и заслужено доби гласни аплаузи и комплименти од судиите Сајмон Кауел, Деми Ловато, Паулина Рубио и Кели Роланд.

Талентираната тинејџерка за време на аудицијата откри дека страда од артрогрипоза, ретка болест која предизвикала зглобовите на рацете да ѝ бидат вкочанети во свиткана положба, а исто така и дека е речиси перманентно слепа на десното око. До вториот роденден таа веќе имала направено осум операции на окото.

Рајан ПејџРајан Пејџ на сцената на „The X Factor“

„Ми беше тешко кога бев мала додека ги гледав другите деца како го држат микрофонот и можат да се движат наоколу кога одевме на караоке. Мене мораше мајка ми да ми го држи микрофонот. Сфатив дека треба да се адаптирам и да ги правам работите поразлично од сите останати“ – изјавила таа во интервју за People.

Алиса Томпсон, мајката на Рајан, не можеше да ги задржи солзите по успешниот настап на ведрото девојче. Во интервју по аудицијата, таа раскажала дека на почетокот се плашела Рајан да не стане интровертна личност поради здравствените проблеми. „Не започна да оди додека не наполни 2 години, затоа што ѝ беше тешко да се исправува без да ги користи рацете. Но, кога започна да оди, таа истрча низ собата. Таква е Рајан. Ништо не може да ја задржи на никаков начин“ – рекла Алиса.

По огромната поддршка од публиката, Рајан ќе продолжи да се натпреварува во популарното шоу. „Моите раце се нешто со кое морам да се справувам секој ден. Луѓето гледаат во мене и велат: Ох, нејзините раце се поинакви. Но, тоа не сум јас. Јас не сум девојчето со рацете. Јас сум Рајан“ – вели таа.

Погледнете го настапот на Рајан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.