Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Пелтечи кога зборува, но воодушеви на „American Idol“

ВИДЕО: Пелтечи кога зборува, но воодушеви на „American Idol“

Лазаро Арбос ги освои жирито и публиката на „American Idol“. Неговиот емотивен настап на аудициите освои четири „Да“ од членовите на жири комисијата и му даде шанса да стане новиот музички идол.

За 21-годишниот Американец зборувањето е огромен проблем, бидејќи екстремното пелтечење го нарушува нормалниот тек на неговото говорење. Лазаро се бори со пелтечењето од 6-годишна возраст. Но, кога доаѓа на ред пеењето, пелтечењето исчезнува и излегува на виделина вокалниот талент на Лазаро.

Инспиративниот пејач го воодушеви жирито со изведбата на „Bridge Over Troubled Water“ од Сајмон и Гарфанкел. Погледнете го неговиот настап и сигурно ќе се согласите со Кит Урбан, кој смета дека Лазаро не треба да престанува да пее.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11265 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.