Балканската публика веќе не очекува ништо друго освен одлични настапи од Даниел Кајмакоски на сцената на „X Factor Adria“, а тој не си дозволува во ниту еден момент да ги разочара своите фанови. Синоќешното издание на музичкото шоу му донесе на Даниел многу пофални зборови за изведбата на „Wake Me Up!“.
Хитот на шведскиот диџеј и музички продуцент Авичи му помогна на 30-годишниот Македонец да ја придобие публиката и да ги собере потребните гласови за амбициозно да продолжи да се стреми кон победа.
Музичкиот двобој синоќа публиката им го остави на Харис Чато и групата 4U. Жирито не ја донесе финалната одлука за тоа кој да го напушти шоуто, па бројот на гласови од публиката одлучи четирите девојки да си заминат дома.
Шведската пејачка Лорин беше специјална гостинка во шоуто и настапи со „My Heart Is Refusing Me“ и „Euphoria“.