Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: На дното на Охридското езеро поставена новогодишна елка за децата со ретки болести

ВИДЕО: На дното на Охридското езеро поставена новогодишна елка за децата со ретки болести

Нуркачите од „Клубот за подводни дејности Охрид“ поставија подводна елка на дното на Охридското езеро.

Оваа ретка подводна новогодишна елка тие ја посветуваат на децата со ретки болести, кои живеат живот со предизвици.

„Првата новогодишна честитка Охриѓани ја упатија од дното на Охридското езеро. На еден редок и уникатен начин нуркачите на Клуб за подводни дејности Охрид своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.“

„Во новата 2022 да влеземе со надеж за подобри денови за оваа категорија на дечиња. Попристапност и подостапност на терапијата која значи живот за нив, но и одобрување на нови терапии“ – пишува Гордана Лолеска на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11178 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.