Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Моментот кога храбра мачка спаси дете нападнато од куче

ВИДЕО: Моментот кога храбра мачка спаси дете нападнато од куче

Мачката Тара стана вистински херој во очите на милиони луѓе низ целиот свет, откако нејзиниот сопственик објави неверојатно видео во кое нејзината брза реакција спаси мало детенце од агресивно куче.

Во видеото снимено од безбедносните камери на семејството Триантафило, малиот Џереми се вози на велосипед пред семејниот дом во Бејкерсфилд, Калифорнија. Во еден момент кучето на соседите му се прикрадува одназад и го напаѓа, заривајќи му ги забите во ногата.

Веднаш по нападот, мачката Тара бестрашно му се фрла на кучето и успева да го избрка пред да биде предоцна. Откако гледа дека кучето нема намера да се врати, мачката се упатува повторно кај Џереми.

Џереми

Благодарение на Тара, Џереми поминал само со неколку конци на ногата. „Тара е мојот херој“ – изјавил малиот Џереми.

Џереми Џереми Џереми

„Не им сме лути на соседите, само сме благодарни што нашиот син не беше полошо повреден... Нашата мачка е мој херој“ – рекла мајката Ерика.

Кучето непосредно пред нападот избегало од дворот на соседите. По немилиот настан, кучето било одземено од одговорните служби и веќе е донесена одлука за негово успивање.

Погледнете го видеото:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.