Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Матурантка бара од маж да ја посвои, тој не може да си ги задржи солзите

ВИДЕО: Матурантка бара од маж да ја посвои, тој не може да си ги задржи солзите

Некои изненадувања се посебни, како она кое му го приредила Лорен Хернандез на човекот кој ја израснал. На денот на својата матура, Лорен со специјален подарок побарала од момчето на мајка си да ја посвои за да ја направи официјална врската татко-ќерка.

18-годишната девојка од едногодишна возраст растела со Џо, мажот кој за неколку недели законски ќе ѝ биде татко. Бидејќи тој секогаш се грижел за неа, Лорен одлучила да му го подготви изненадувањето кое сега е хит на интернет.

Во видеото снимено на денот на матурата на Лорен, таа му подарува на Џо кутија завиткана во украсна хартија во која има поема ставена во рамка и документи за посвојување. Емотивниот маж не може да си ги задржи солзите кога ќе сфати за што станува збор.

„Уште од првиот ден не сакав ништо повеќе одошто да ѝ бидам татко“ – рекол Џо подоцна.

Лорен и Џо Лорен и Џо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11039 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.