Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Маринец ја изненадува мајка си болна од рак на првиот ден од хемотерапијата

ВИДЕО: Маринец ја изненадува мајка си болна од рак на првиот ден од хемотерапијата

Грижлив син ја изненади својата мајка, појавувајќи се на првиот ден од нејзината хемотерапија маскиран како доктор. Тие се немале видено 2 години, затоа што тој е маринец.

Во видеото, Мери, која е болна од рак на дојка, разговара со друга докторка, кога во собата влегува маскираниот син. Мери не го препознава веднаш, но кога Кори ќе ја извади хируршката маска од лицето, пресреќната мајка на седум деца не може да си ги задржи солзите.

„Гледам зошто Бог ми ги подари овие деца. Бидејќи во вакви моменти сите застануваат покрај мене и ми даваат причина за да се изборам со ова. Морам да победам и ќе победам. Нема дискусија за тоа“ – рекла Мери, чиј рак е проширен и на `рбетот и на белиот дроб.

59-годишната Мери криела од Кори дека е болна од рак, затоа што сакала да му ја соопшти лично дијагнозата, а не преку интернет. Таа постојано го прашувала кога ќе се врати дома, но не ни насетувала за изненадувањето. „Ми требаше да биде покрај мене, бидејќи тој е мојата сила“ – вели Мери.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12078 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.