Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Маж докажа дека кога мозокот заборава, срцето помни

ВИДЕО: Маж докажа дека кога мозокот заборава, срцето помни

Романтичниот гест на маж со Алцхајмерова болест прво изненади двајца полицајци, потоа ја расплака неговата сопруга, за на крајот да стопли милиони срца.

Мелвин Емрајн пред три години добил многу лоша дијагноза – Алцхајмерова болест. Како што поминува времето, така неговата состојба се влошува, а на неговата сопруга Дорис ѝ станува сѐ потешко беспомошно да гледа како болеста му ги одзема на Мелвин спомените и разумот.

Мелвин и Дорис

Неодамна Мелвин ѝ приредил прекрасно изненадување на Дорис и со тоа ја потсетил дека мажот во кој се заљубила е сѐ уште покрај неа.

„Специјално е, бидејќи иако мозокот не помни сѐ, срцето помни“ – рекла Дорис во интервју за CBS.

Мелвин и Дорис на свадбениот денМелвин и Дорис на свадбениот ден

Еден ден пред Денот на мајките, Мелвин исчезнал. Дорис пријавила в полиција и двајца полицајци го пронашле залутаниот старец на 3 километри од домот. Кога му пришле, тој не знаел од каде дошол, не ја знаел својата адреса, но знаел каде тргнал – да купи букет цвеќиња за својата сопруга за да ѝ ги подари на Денот на мајката.

Пред да го вратат Мелвин дома, љубезните полицајци застанале во цвеќара за да му ја исполнат желбата. Подоцна тие дознале дека по раѓањето на првото дете, Мелвин секоја година ѝ подарувал цвеќиња на Дорис на Денот на мајката.

Изненадувањето изнудило солзи радосници во очите на Дорис. „Кога дојде на скалите и ги видов розите и насмевката на неговото лице, се скрши нешто во мене. Реков: благодарам, благодарам. Зашто го видов неговото срце“ – рекла Дорис.

Мелвин и Дорис

Мелвин и Дорис се во брак 60 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.