Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Која е најтешката работа на светот?

ВИДЕО: Која е најтешката работа на светот?

Најтешката работа на светот е веројатно најважната работа и бара максимална посветеност 24 часа на ден, 7 дена неделно, 365 дена годишно, без одмор.

Издржливоста е особено важна, бидејќи во најголем дел од времето треба да бидете исправени на нозе, а работата станува поинтензивна за време на празниците.

Неопходно е да поседувате одлични преговарачки и кулинарски способности, диплома по медицина и финансии и да бидете подготвени за бессони ноќи и работење во хаотична средина.

Најтешката работа на светот ја работат милијарди трпеливи лица и тоа без да добиваат плата. Тоа се...

мајките.

Интересното видео е умна реклама на американска компанија за картички и ги советува своите клиенти оваа година за Денот на мајките да не ја заборават жената која им дарила живот.

Во видеото неколку кандидати останаа вчудоневидени кога слушнаа кои би биле нивните задачи ако ја добијат позицијата „директор на операции“, за на крајот да разберат дека станува збор за професија која ја „работат“ милијарди жени низ светот.

На огласот за најтешката работа на светот се јавиле 24 кандидати, а дел од интервјуата се прикажани во видеото.

На крајот нема шанси да не помислите колку неверојатни се мајките и да не посакате да ја прегрнете својата мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.