Мајкл Кетерер освојува не само со својот глас, туку и со големото срце. 41-годишниот пејач не го остави Сајмон рамнодушен со изведбата на моќната балада „Us“.
Популарниот судија не ги задржа солзите и со растреперен глас му рече на Мајкл: „Ти си навистина, навистина специјален маж.“
Видео
Кетерер е татко на шестдеца, од кои пет посвоени момчиња. Тој и неговата сопруга Ајви започнале да посвојуваат откако преживеале кошмар по раѓањето на нивната ќерка Софија. Докторите им давале на Aјви и Софија мали шанси да преживеат. За среќа, и двете закрепнале. Со цел да избегне трагедија, парот решил да нема повеќе биолошки деца и да се насочи кон посвојување.
Прво згрижиле три братчиња кои биле спасени од родители кои ги малтретирале, потоа детенце кое живеело на улица, а на крајот и момче со церебрална парализа.

Музикалниот татко настапи во полуфиналето на шоуто со песната „When I Look At You“ и повторно ја одушеви публиката: