Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Заљубен маж ѝ предложи брак на саканата со помош на нивното штотуку родено бебенце

ВИДЕО: Заљубен маж ѝ предложи брак на саканата со помош на нивното штотуку родено бебенце

За еден родител најсреќен ден е денот кога за првпат ќе го земе во прегратка своето новородено бебенце. Заљубен маж направи овој ден да биде уште поспецијален за него и за неговата сакана.

Младиот Италијанец ѝ предложи брак на девојката во болница, неколку часа по нејзиното породување.

Во слатко видео, тој го носи бебенцето до нејзиниот кревет, а потоа следува големото изненадување.

Прашањето „Мамо, ќе се омажиш ли за мојот татко?“ е напишано на бодито на новороденото момче. Кога ќе го прочита прашањето, среќната мајка не може да си ги задржи солзите.

Потоа, таа го избира одговорот „ДА“ на бодито со помош на маркер, по што радосниот татко клекнува на колено и ѝ го подарува прстенот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12029 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.