Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Жена се пораѓа за 1 минута на влезот на болница додека сопругот бара паркинг место

ВИДЕО: Жена се пораѓа за 1 минута на влезот на болница додека сопругот бара паркинг место

Која жена не посакува брзо и лесно породување? На Џесика Стабинс таа желба ѝ се исполни, но не во породилна сала, туку на самиот влез на болница.

Видеото од безбедносната камера го покажува раѓањето на малото девојче Луси за помалку од една минута.

Џесика почувствувала дека бебето излегува додека влегувала во болницата. Нејзиниот сопруг Том во меѓувреме барал паркинг место и го пропуштил доаѓањето на свет на неговото второ дете.

Во емисијата „Good Morning Britain“, Том раскажал дека Џесика во тие моменти чувствувала вина што тој не бил присутен на породувањето. „Џес велеше: Девојче е, девојче е, жалам, жалам. Се чувствуваше виновна што јас го пропуштив, а јас бев во апсолутен шок“ – рекол тој.

Видео

Стабинс Стабинс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.