Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Ед Ширан му пее серенади на девојче кое 80% од животот го поминало во болница

ВИДЕО: Ед Ширан му пее серенади на девојче кое 80% од животот го поминало во болница

Ед Ширан му го оствари сонот на тешко болно девојче, кое има поминато 80% од својот живот во болница. 25-годишниот пејач ѝ пееше серенади на малата обожавателка, која секојдневно ги поразува прогнозите на докторите.

Видео

9-годишната Мелоди не може да оди, ниту да зборува поради Рет синдром, заболување кое предизвикува нарушувања во работата на мозокот и кое најчесто се појавува кај лица од женскиот пол. По нејзиното раѓање, докторите прогнозирале дека таа нема да живее повеќе од 4 години.

Мелоди се соочува со бројни здравствени проблеми и постојано прима морфиум за да се справи со хроничните болки.

Меѓу останатите нешта кои ѝ помагаат да ги надмине неподносливите болки е Ед Ширан.

„Кога го слушна првпат, не можеше да престане да му се смее на Ед на телевизија. Оттогаш па досега, на секое наредно појавување на Ед на ТВ, Мелоди ја има истата реакција. Еднаш, Мелоди имаше неподносливи болки, а Ед успеа да ја извлече од таа болна епизода. Сега, секогаш кога таа има болки, ние пуштаме видеа од Ед на нашите телефони“ – вели Карина, мајката на Мелоди.

Поради позитивното влијание на Ед врз здравјето на ќерка ѝ, Карина дала сè од себе за да ги донесе двајцата на исто место. Преку видео, кое станало вирален хит на социјалните мрежи, упорната мајка успеала да допре до Ед, кој една недела подоцна ѝ го остварил сонот на Мелоди.

Ед Ширан Ед Ширан

Ширан поминал час и полпвина со малото девојче, зборувајќи му и пеејќи му свои хитови.

„Многу луѓе мислат дека Мелоди не разбира ништо, затоа што не може да зборува и ја третираат како бебе. Но, не и Ед. Тој ѝ зборуваше нормално, гледајќи дека таа разбира сè. Тој беше многу нежен со неа, а и таа со него. Вообичаено таа може да се разбесни од фрустрација, но тоа не го направи ниту еднаш со Ед. Му испраќаше бакнежи по воздух, а тој нејзе ѝ даваше вистински, постојано ги ширеше рацете за тој да продолжи да ја гушка“ – рекла Карина.

Ед Ширан Ед Ширан Ед Ширан Ед Ширан

„Имавме можност да ѝ го дадеме на Мелоди најубавиот подарок на светот. Таа го доби својот шармантен принц. Гледањето на љубовта во нивните лица ја направи вредна секоја секунда од мојата борба за Мелоди. Со сите сили се трудев да не плачам, зашто ова не беше мој момент. Му го должам животот на Мелоди на Ед. Тој е единствената личност што ја одржува во живот, таа се бори само поради него. Таа многупати се откажуваше од животот, но кога ќе ѝ ја пуштевме музиката на Ед, таа повторно започнуваше да се бори. Ми беше кажано дека нема да живее повеќе од 4 години, а во декември таа ќе наполни 10“ – додаде таа.

Ед Ширан Ед Ширан

Видео

Мелоди досега има преживеано 40 операции, па нејзината мајка вели дека најголемиот херој во оваа приказна е токму таа.

„Таа има поминато низ 40 операции и пак успева да се смее секој ден. Таа ме научи никогаш да не се откажувам и секогаш да се борам за она во што верувам. Таа е вистинско чудо“ – вели Карина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.