Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Девојка со емотивна изведба во чест на родителите кои биле убиени пред нејзините очи

ВИДЕО: Девојка со емотивна изведба во чест на родителите кои биле убиени пред нејзините очи

Девојка, која доживеала голема семејна трагедија, одушеви на аудициите на „America’s Got Talent“.

29-годишната Џеј пред 10 години ги изгубила своите родители, а сега пееше во нивна чест на музичкото шоу.

Пред да настапи со емотивната песна „Lost Without You“, таа раскажа дека мајка ѝ, татко ѝ и тетка ѝ биле убиени пред нејзините очи.

По потресниот настан, Џеј морала комплетно да ја преземе грижата за семејството и да се откаже од своите соништа.

„Конечно одлучив да се фокусирам на мојата музика, во која знам дека уживаа и моите родители. И навистина се надевам дека се среќни што ме гледаат тука денес“ – ијзави Џеј.

Видео:

„Сметам дека тоа што го направи беше неверојатно. Да можеш да отпееш таква песна, со таков текст, додека ги имаш сите тие спомени во главата, е извонредно. Сметам дека ти си неверојатна личност“ – ѝ рече судијата Сајмон Кауел.

Џеј доби четири „ДА“ од жирито.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.