Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Даниел Кајмакоски продолжи во „X Factor“ по настапот со „Stay“

ВИДЕО: Даниел Кајмакоски продолжи во „X Factor“ по настапот со „Stay“

Даниел Кајмакоски сигурно чекори кон финалето на „X Factor Adria“. Талентираниот пејач и вечерва ја придоби балканската публика и привлече доволно гласови за да ја продолжи музичката борба за титулата победник во музичкото шоу.

Жирито не штедеше пофални зборови по неговата изведба на „Stay“ од англиското дуо Hurts. „Одличен избор на песна. Ја отпеа барем трипати подобро од оригиналот, навистина“ – рече Кики. „Браво Даниел, браво. Секој пат си сè подобар, јас не знам дали воопшто да го коментирам твоето пеење и твојата изведба“ – коментираше Емина.

Даниел Кајмакоски

Калиопи беше специјална гостинка и настапи со „Црно и бело“ и „Опрости“.

Лукијан Ивановиќ и Харис Ќато добија најмал број гласови и за нив остана музичкиот двобој. На крајот стана јасно дека младиот Ќато го напушта шоуто.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.