Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Даниел го продолжува патот до финалето со „Unchained Melody“

ВИДЕО: Даниел го продолжува патот до финалето со „Unchained Melody“

Вечерва во „X Factor Adria“ натпреварувачите исполнија големи хитови од филмови и ТВ серии, а членовите на жирито беа расположени за делење на конструктивни критики.

Даниел Кајмакоски настапи со емотивната „Unchained Melody“, балада која е напишана во 1955 година, досега препеана од многу звучни музички имиња, а е дел од саундтракот на филмот „Ghost“.

Иако Кристина и Емина не беа особено одушевени од настапот, публиката не се согласи со нивното мислење дека нешто недостигаше во изведбата на Даниел и му даде доволно гласови за да продолжи да се бори за место во супер-финалето.

Александра Брковиќ, како натпреварувач со најмал број на гласови, автоматски го напушти шоуто, додека Алекса Перовиќ и Маид Хеќимовиќ влегоа во вечерашниот музички двобој. Бидејќи жирито не можеше да се согласи кој пејач заслужува да продолжи, одлуката повторно остана на публиката. На крајот гласовите на гледачите го испратија Перовиќ дома.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11080 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.