Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Божиќна реклама во која главниот херој е Баба Мразица

ВИДЕО: Божиќна реклама во која главниот херој е Баба Мразица

Marks and Spencer ни нудат една поинаква празнична реклама, во која Баба Мразица е личноста што го спасува Божиќ.

Во неа е прикажана понежната половина на Дедо Мраз, како модерна, дарежлива и грижлива жена која го испраќа својот сакан на пат околу светот за време на празниците. Во меѓувреме, таа добива писмо.

Писмото е од 6-годишно момче, кое за Нова Година не посакува ништо за себе, туку подарок за својата поголема сестра Ана, со која често се караат. „Можеби мислиш дека не ја сакам многу мојата сестра, но јас многу ја сакам и сакам таа да биде среќна на Божиќ“ – пишува во писмото од несебичниот Џек, кој бара нови патики за Ана, бидејќи неговото куче ѝ ги уништи.

Се разбира, таа му ја исполнува желбата.

Видеото, кое досега има 5 милиони прегледувања на YouTube и 6 милиони на Facebook, предизвика многу позитивни реакции и коментари на социјалните мрежи и многумина заклучија дека ова е реклама која го буди празничниот дух.

Режисер на видеото е Том Хупер, додека улогата на Баба Мразица ја толкува актерката Џенет Мектир.

Џенет Мектир

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11943 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.