Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Би му помогнале ли на дете кое се тресе од студ?

ВИДЕО: Би му помогнале ли на дете кое се тресе од студ?

Како ќе реагирате ако здогледате мало дете без палто кое се тресе од студ? Би му ја позајмиле ли својата јакна за да се стопли?

Норвежаните очигледно не би го одминале. Видео од скриена камера кое ја покажува добрината на граѓаните на Осло стана вирален хит.

Во видеото, 11-годишно момче седи на автобуска постојка и се тресе поради ниските температури. На луѓето кои го прашуваат дали е добро, тоа им објаснува дека е на екскурзија и дека му го украле палото. Реакциите на луѓето нема да ве остават рамнодушни.

Видеото всушност е дел од кампања чија цел е да ги отвори очите на светската јавност и да ја подигне свеста за ситуацијата во која се наоѓаат децата во Сирија. Илјадници деца се принудени да ги поминуваат студените ноќи надвор од своите разрушени домови. Видеото покажува добрина и цели да ја разбуди хуманоста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25568 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.