Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Анџелина Џоли усреќи дечиња, купувајќи ја џиновската мечка која ја продавале на улица

ВИДЕО: Анџелина Џоли усреќи дечиња, купувајќи ја џиновската мечка која ја продавале на улица

Осумгодишни близнаци добија можност да ја запознаат Анџелина Џоли на многу невообичаен начин. Додека двете деца продавале џиновска плишена мечка на улица, славната актерка застанала и ја купила мечката, плаќајќи им двојно повеќе од она што го побарале.

Анџелина Џоли со близнаците

Во видеото, снимено од таткото на децата, близнаците Ален и Брендон стојат на улица во Лос Анџелес и држат знак на кој пишува дека ја продаваат мечката зад себе. Потоа следува кадар на кој Џоли им помага на децата да ја стават мечката во багажникот од нејзиниот автомобил. Покрај неа стои нејзината ќерка Шајло.

Видео

Иако децата ѝ побарале 50 долари, ѕвездата од „Maleficent“ им платила по 50 долари на секое од децата, мамејќи насмевки на нивните лица.

„Многу сте добри во вашата работа. Вие сте многу кул момчиња. Мило ми е што ве запознав“ – вели Џоли гушкајќи едно од децата.

Анџелина Џоли со близнаците Анџелина Џоли со близнаците Анџелина Џоли со близнаците Анџелина Џоли со близнаците

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.