Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Англичанка роди бебе од 7 килограми

ВИДЕО: Англичанка роди бебе од 7 килограми

Млада Англичанка доби големо изненадување кога роди бебе тешко 7 килограми. 21-годишната Џејд Паркер вагинално го родила синчето Џорџ Кинг.

Џорџ КингЏорџ Кинг кој се родил пред шест недели

Кога се родил пред шест недели, Џорџ бил двојно поголем од просечното новороденче и тој е едно од најголемите бебиња кога било родени во Велика Британија.

Џорџ Кинг

Никој од докторите не знаел дека Џорџ ќе биде толку големо бебе, па Џејд се породувала природно, а не со царски рез. При породувањето дошло до компликации, бидејќи широките рамена на Џорџ се заглавиле. Докторите прогнозирале дека Џорџ има само 10% шанса да преживее затоа што останал без кислород 5 минути пред да биде вратен во живот.

За среќа, борбениот Џорџ ги фрлил во сенка прогнозите и сега тој е дома заедно со пресреќните родители.

Бебешка облекаЗа споредба - облеката која ја носи Џорџ и облека за просечно новороденче

„Ни кажуваа дека сè е нормално сè додека не излезе. Беше страшно бидејќи неговите рамена се заглавија и персоналот ни кажа дека најверојатно нема да преживее. Но, сега сме дома, се прилагодуваме на семејниот живот заедно“ – изјавил таткото за BBC.

Рајан, Џејд и ЏорџРајан, Џејд и Џорџ

Џејд се породувала 16 часа, а примила и епидурална анестезија. „Беше голем шок за сите. Никој не очекуваше дека ќе биде толку голем... Тој е наше мало чудо, или всушност големо чудо!“ – изјавила Џејд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.