Почетна » Новости » Занимливости » Вечна љубов: Маж и жена кои се во брак 79 години заедно го прославија 100-тиот роденден

Вечна љубов: Маж и жена кои се во брак 79 години заедно го прославија 100-тиот роденден

Џун и Хуберт Маликот се заедно речиси целиот свој живот. Партнерите од Охајо се во брак 79 години, а заедно ги прославија и нивните 100-ти родендени.

Џун и Хуберт биле родени на само 10 дена растојание – 13 и 23 јули 1922 година. Нивниот јубилеен роденден беше одбележан со посета на семејството и пријателите.

Маликот Маликот

За „Today“, парот сподели совети за добар заеднички живот и среќен брак. „Не минавме низ животот без проблеми, но никогаш не направивме нешто со кое што би се повредиле меѓусебно. Ако има несогласување, може да треба да се повлечиш настрана. Потоа се враќаш по неколку минути и го решаваш проблемот или ја менуваш темата“ - изјавиле тие.

„Беше добар живот. Добра тимска работа и добар дом“ – изјавил Хуберт.

Тие се запознале во септември 1941 година во црквата „Eaton Road“, каде се венчале во ноември следната година. Заедно имаат три деца, седум внуци и 11 правнуци.

Маликот Маликот Маликот Маликот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.