Почетна » Новости » Занимливости » „Верувај со мене“: Фотографка создава портрети од лица со Даунов синдром за да ги сруши стереотипите

„Верувај со мене“: Фотографка создава портрети од лица со Даунов синдром за да ги сруши стереотипите

Фотографка ги става лицата со Даунов синдром под рефлекторите, рушејќи ги стереотипите кои владеат за нив во општеството.

Хилари седум години по ред фотографира лица кои го имаат ова хромозомско нарушување за да ги промени митовите поврзани со нивните способности.

Проектот „Верувај со мене“ (Believe with Me) е повик за акција, апел до луѓето повеќе да веруваат во овие лица и да им дадат шанса да покажат што умеат. Со него се опфатени околу 50 деца и возрасни.

Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром

Покрај фотографиите, Хилари поставува цитати со опис за амбициите, напорната работа и способностите на секој од учесниците. Некои од нив сакаат да пеат, други да станат учители, трети да бидат уметници, а четврти да станат славни.

„Обожавам кајакарство и уживам кога сум во вода. Ми се допаѓа слободата која ја имам сега и можам да го правам тоа сама. Започнав бавно, но сега, обиди се да ме фатиш. Можеби еден ден ќе го видите моето има на Олимпијада, дотогаш би требало да можам да го подигнам сама кајакот за да го извадам од водата“ – Ашлан, 14 години.

Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром

„Сакам да ги импресионирам луѓето со тоа колку сум способен. Ако на луѓето им се допадне мојата уметност, ќе бидам многу горд“ – Расел, 28 години.

„Кимберли учи да си го напише името. Таа вежба речиси секој ден и сега многу добро умее да ги напише буквите I и M. Напорно работи за да ја напише буквата К и секогаш се гордее и среќно ни го покажува секој нејзин обид“ – Кимберли, 4 години.

Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром Лица со Даунов синдром

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11992 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.