Почетна » Новости » Занимливости » Веро Центар и оваа година дел од Баскерфест

Веро Центар и оваа година дел од Баскерфест

Од 6 до 15 јуни Веро центарот ќе биде дел од најголемиот и единствен интернационален фестивал на улични артисти во Македонија, Баскерфест.

Официјалното отворање беше изминатиов петок во Веро Центарот со настап на групата Barbarossa Samba Group од Романија.

Додека трае фестивалот, Веро Центар ќе организира забавни и наградни игри секој ден од 17 до 22 часот на градскиот плоштад во Скопје. Добитниците ќе можат да си го подигнат подарокот во Веро Центарот со сметка над 300 денари. Наградите ќе се доделуваат од 6 до 20 јуни.

Веро Центар

„И оваа година Веро Центарот ќе биде дел од најголемиот мултикултурен уличен фестивал кој ја збогатува културната и забавната содржина на Скопје. Оваа година, покрај настаните и изведбите на уличните артисти кои се предвидени во рамките на Веро Центарот, ја имавме честа церемонијалното отворање да се случи токму кај нас, што верувам претставуваше огромна радост за сите посетители. Ви ветуваме одлична забава која овој пат се однесува на сите возрасти“ – изјави Влатко Величков, маркетинг директор во Веро.

Веро Центарот веќе 4-та година по ред е пријател и поддржувач на оваа манифестација која прерасна во долгогодишна традиција и е интересна не само за граѓаните од Скопје и Македонија, туку и за граѓаните од соседните земји.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.