Почетна » Новости » Занимливости » Вежби со јажиња во фитнес центарот Cybex

Вежби со јажиња во фитнес центарот Cybex

Со јажето за скокање се среќаваме уште во детството. Но, овие јажиња за кои зборуваме се од друг вид, со кои не скокаме туку вложуваме повеќе сила и голема концентрација.

Фитнес јажињата (battling ropes) или ортоми како што некои ги знаат, се тешки и пружаат голем отпор. Вежбите со нив ви овозможуваат затегнување на стомачните мускули, рацете и рамото. Можете и да ги вклучите нозете и да добиете целосен кондиционен тренинг со само еден реквизит. Во една минута трошите 10 калории со овие јажиња.

Cybex
  1. Започнете прво со вежбата наречена „двоен бран”. Фатете ги двата краја од јажињата во секоја рака и истовремено замавнувајте со јажињата нагоре и надолу предизвикувајќи бранови.
  2. Потоа, за вежбата „наизменични бранови” почнете наизменично да замавнувате нагоре и надолу со рацете.
  3. Во третата вежба наречена „ниски наизменични бранови” заземете squad став, и повторно замавнувајте наизменично. Додека сте во таа позиција ги активирате и мускулите на задникот и задната ложа.

За да направите целосен тренинг, вклучете ги и нозете, па така додека замавнувате со рацете, почнете да правите и исчекори назад.

Нашите инструктори се постојано тука за да ви помогнат со вежбите, да ви покажат како правилно да ги правите и да ви покажат повеќе начини како да ги користите овие јажиња.

Cybex

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook и Instagram.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.