Почетна » Новости » Занимливости » „Ве преколнувам, не живејте за децата“: Текст на руски психолог кој ќе ве замисли

„Ве преколнувам, не живејте за децата“: Текст на руски психолог кој ќе ве замисли

Родителите честопати велат: „Живеам за моите деца“ или „Само моите деца да се добро, нашето помина“... без воопшто да размислат за можните последици од таквиот начин на размислување. Психолог од Русија напиша неколку сценарија кои ќе го замислат секој родител.

„Ве преколнувам, не живејте за децата! Не само што ним тоа не им е потребно, туку и им штети... Колку пропуштени судбини, скршени срца, навреди и недоразбирања! Гледам жени кои се откажуваат од сè во животот поради своите деца. А потоа, ги гледам тие деца поради кои мајките се одрекле од сè. Глетката е тажна...“ – пишува Олга Валјаева.

Прочитајте го нејзиното отворено писмо до родителите:

Родители

Мајката сама го одгледувала Вања. Никогаш не се омажила, сè му давала на синот, му купила стан и му го платила факултетот. Тој стана прекрасен маж, успешен. Сега има 50 години. Никогаш не се оженил, нема деца. Цел живот се труди да ѝ го врати на мајка си долгот кој не ѝ го побарал. Не успева.

Таткото на Ксјуша работел дење и ноќе за децата. Имал големи планови, особено за ќерката. Таа била многу паметна, па тој сонувал дека таа ќе стане докторка. Ја запишал на факултет, но таа се отпишала. Посакувала да го живее својот живот, на свој начин. Сакала да стане уметник. Таткото се обидел да ја вразуми и ѝ ја врачил сметката. Сè имал пресметано: колку чинело школувањето, секциите, приватните часови, облеката, храната... И побарал од неа да му го врати долгот. Излишно е да се зборува дека Ксјуша веќе не го видела татко си. Оттогаш поминале повеќе од 30 години...

Мајката на Ире се одрекла од својот живот поради неа. По разводот, со никого не се гледала, не сакајќи да ја трауматизира ќерката. Ќерката порасна и не може да ја остави мајка си. Не може да се гледа со никого. Не може ни да си помисли да ја остави мајка си за да го живее својот живот. Ира има 40 години. Никогаш не се омажила и нема деца.

Родителите на Игор и Жења биле најпрекрасни родители. Правеле сè за своите деца, буквално сè. Семејството секогаш било сложно, фамилијарни празници, одмори... Но, во тоа родителство тие го изгубиле односот маж-жена. Повеќе ништо не ги поврзувало. Заедно проживеале 30 години, како мама и тато. А потоа, откако децата заминале по својот пат, тие едноставно се развеле. Жења сè уште не може да се опорави од таа голема измама. Има 37 години и сè уште не планира да се омажи. Се плаши да не ѝ се повтори тажната приказна. По разводот, мајката брзо овенала...

Ѓорѓи – долго очекувано дете. Сите трепереле над него, се грижеле, го чувале, дури и премногу. Вистината е дека неговата мајка престанала да го чека својот принц и одлучила да си роди дете. Потоа, одлучила дека преку Ѓорѓи ќе си ги оствари сите свои соништа. На секој можен начин се трудела од него да направи чудо од дете. Тој учел неколку странски јазици, одел на неколку секции, свирел харфа... Мајката се гордеела со синот и секогаш го молела да им отсвири нешто на гостите. Харфата е толку егзотична! Ѓорѓи е во петтата деценија, се разведува, а неговите деца ги воспитува друг маж. На Ѓорѓи тоа воопшто не му пречи. До ден-денес не знае што сака од животот. Не стана чудо од дете. Не издржа и се скрши. Сега пие, пред и по работа. Мајката не го гледа тоа.

Малку ли се ваквите приказни и голема ли е радоста и среќата во нив? Кога детето ќе стане смислата на животот, тоа е претешко бреме за него. Тоа е како да е заклучено во соба во која порано или подоцна ќе снема воздух. На почетокот возможно е да се живее така, но постепено, ќе започнеш отежнато да дишеш. Дишеш отежнато од љубов и грижа.

И како да не е доволно тоа што 20 или повеќе години живееш во задушлива животна пустина, туку и остануваш должен. Ти се поднесува сметка, иако ти се чини дека само си бил на гости. Ти со задоволство им помагаш на домаќините, сам по сопствена иницијатива. Но, сега ти се сервира точната сметка за цели 20 години, време во кое секој твој здив ти ја пржеше утробата...

Таа сметка детето може вечно да ја плаќа како Ире и Вања или пак ќе почне да пие и ќе ги прекине сите врски како Ѓорѓи и Ксјуша... Ретко кој може да го разбере и прифати таквиот однос на родителите. Да разбере и да прифати, а притоа да не го жртвува својот живот, своите интереси.

Затоа ве преколнувам, не живејте за децата! Најдете ги друга смисла на животот, најдете си друга смисла во мајчинството и татковството за малите момчиња и девојчиња кои доаѓаат на овој свет да не се претворат во заложници и жртви на вашата „добродетел“ и грижа.

Сакајте го својот маж. Децата ќе пораснат и ќе си одат, а тој ќе остане со вас. Вие можете да им бидете пример на вашите деца и вашиот однос може да биде причина и самите тие да посакаат свое семејство, деца. А можете и да им ја убиете секоја желба ако бидете опседнати со детските проблеми и го игнорирате сопругот.

Сакајте се себеси. Не се заборавајте себеси трчајќи по среќата на вашите деца. Не се одрекувајте од новите фустани поради новиот робот. Не го заменувајте козметичарот со приватни часови. Ако не се грижите сами за себе, што можете да им дадете на другите? Каков пример? Каква љубов? Од каде?

Смислата на животот пронајдете ја надвор од материјалниот свет. Овој живот еднаш ќе заврши, дури и ако сега не сакате ни да помислувате на тоа. Од духовното, од молитвите , од религијата... можете да ја црпите вашата животна сила наместо да ја цицате од децата.

Не живејте за децата, ве преколнувам! Кога ќе сретнам луѓе на кои родителите им пружиле сè, па и повеќе од тоа, претешко ми е да ги гледам в очи. Во голема мера се пронаоѓам себеси и својот бол. Ги гледам истите маки, скршени срца, празни души. Во нивните очи – крик за помош. Бол, очај, кривица... Тие, како и секое дете, силно посакуваат да ги сакаат нивните родители. Но, во тој случај, едноставно не би преживеале...

Дајте им можност на вашите деца да живеат и да дишат. Така тие ќе можат да растат и да се развиваат онака како што ги води нивниот пат. Нашата улога како родители е едноставна – полевајте навреме, не засолнувајте го од сонцето, чувајте го од штетници. А понатаму, детето, како цветот, ќе се снајде самото и ќе го покаже најдоброто од себе што му е одозгора дадено.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.