Непосредно пред 21-виот роденден, Тијана Переја дознала дека нејзиното момче ја изневерува. Сите пораки и фотографии кои се доказ за неговото неверство стигнале и до очите на нејзините пријатели, но никој не кажал ништо до нејзината роденденска прослава.
Кога сите се собраа за да наздрават за славеничката, таа во својот говор му се обрати на Сантос, кој ѝ го скрши срцето: „Не би можела да посакам подобри пријатели. Навистина би сакала да му се заблагодарам на Сантос зашто ми покажа дека заслужувам повеќе. Секој присутен тука знае дека се обидуваше да имаш секс со друга девојка. Сите ние ги имаме видено скриншотовите... ѝ праќаше секс пораки и видеа. Буквално и мене денес ми ја испрати истата фотографија која ѝ ја прати нејзе.“
Видеото стана вирален хит и додека многумина ја поддржа нејзината постапка, не беа и малку оние кои ја осудија што раскинала пред камери и што го објавила видеото на социјалните мрежи.
Is this the right thing to do when your bf cheats on you? @s_umana pic.twitter.com/o5ubXv8X8R
— Tiana Perea (@tianaperea__) December 13, 2018