Почетна » Новости » Занимливости » Братска љубов: Момче заврши триатлон носејќи го својот неподвижен брат

Братска љубов: Момче заврши триатлон носејќи го својот неподвижен брат

Ноа Олдриџ му докажа на светот дека братската љубов не познава граници.

Кога 8-годишното момче дознало дека во неговиот град се организира мини-триатлон за млади лица, без двоумење решило да учествува, но под услов да го поведе со себе својот неподвижен брат Лукас.

„Ми рече: Мамо, сакам да го направам ова со брат ми. Така се роди идејата и следниот ден започнавме да тренираме“ – изјавила мајката на неразделните браќа.

Ноа три месеци напорно тренирал за да може да го турка и влече својот брат до целта. За време на триатлонот, тој возел велосипед на патека долга 4,8 километри, испливал 200 метри и истрчал 1,6 километри, без во ниту еден момент да се оддели од Лукас. Многу од сведоците на подвигот на Ноа не можеле да ги задржат солзите.

Ноа и Лукас Ноа и Лукас Ноа и Лукас Ноа и Лукас Ноа и Лукас

Лукас е роден со ретка здравствена состојба поради која никогаш нема да може да се движи, да зборува или да се храни сам. Сепак, тоа не е пречка за браќата да не се забавуваат заедно.

Лукас

„Ми се допаѓа сè поврзано со него. Тој е совршен“ – изјавил Ноа за неговиот брат.

Семејството Олдриџ признава дека Лукас е најсреќен кога ќе го види својот брат. „Тие имаат специјална врска. Лукас се развеселува кога неговиот брат ќе влезе во собата. Љубовта меѓу овие две момчиња ќе ви стави насмевка на лицето“ – изјавил таткото на момчињата, кој со својата сопруга се труди да му овозможи на Лукас „живот без граници“.

Семејството Олдриџ

Инспиративниот Ноа успеал да ја измине патеката за 54 минути, но насмевката на лицето на Лукас траела со часови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.